Каталонските медиуми пренесуваат дека Миралем Пјаниќ на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона.
Босанскиот плејмејкер е во втор план на кај тренерот Куман и често ја грее клупата за резерви, па и самиот сака да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите изминатите недели го поврзуваа Пјаниќ со неколку клубови, а сега се шпекулира со евентуално враќање во Јувентус.
Имено, Јувентус сака да го врати Пјаниќ во Торино и остварил контакт со Барселона, која е спремна да го пушти 30-годишниот плејмејкер.
Масимилиано Алегри имаше одлична соработка со Пјаниќ и сака повторно да го има во својот тим, па му порачал на раководството да се обидат да го вратат Босанецот во Торино.