Стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри имаше пофални зборови за Кристиано Роналдо, но и порача дека мораат да бидат скромни.
Алегри е воодушевен од ставот кој Роналдо го покажува на тренинзите и натпреварите, за него тој е многу скромен кој го подигнал тимот на повисоко ниво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во досегашниот дел од сезонатап португалскиот фудбалер за црно-белите одиграл девет натпревари и постигнал четири погодоци.
„Кристиано е мирен и работи многу добро. Скромен е и на екипата и донесе дополнителна доза на фокусираност како и чуство на одговорност. Покрај постигнувањето голови кое го знае најдобро, тој е и одличен асистент“, изјави Алегри.
Јувентус во сабота во деветото коло од Серија А ќе игра против Џенова, а црно-белите до овој момент имаат перфектен учинок.
„Сите зборуваат дека ќе ги победиме скоро сите натпревари во Серија А и Лигата на шампионите, од денес па до јуни. Но, не е така. Ќе биде тешко против Џенова. Во овој момент мораме да се вратиме на обврските во Серија А, не смееме да го изгубиме фокусот. Секогаш натпреварите после репрезентативната пауза се опасни. Мораме да бидеме скромни“, порача стретегот на италијанскиот шампион.
Алегри во сабота веројатно не ќе може да смета на Паоло Дибала кој го повреди коленото во настапот за Аргентина. Тренерот на Јувентус ќе го одмори веројатно и Џорџо Киелини, а прашање е и дали Сами Кедира се опоравил од повредата на бутниот мускул.