Јувентус синоќа одигра реми во големото дерби со Милан и се уште нема победа во новата сезона во Серија А.
„Старата дама“ против Милан имаше водство од 3-та минута, а на крајот требаше да се спасува од пораз.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тренерот Алегри после мечот ја презеде вината и призна дека ги погрешил измените.
„Ќе признаам дека направив грешки со замените, погрешив. Требаше да ставам подефанзивни фудбалери во игра и да го заклучевме водството од 1-0, па ја прифаќам одговорноста за тоа“, истакна Алегри.
„Проблемот е што победувањето на натпревар е едно, а освојувањето лига е друго, и тоа значи дека не треба да примате голови по грешки како нашата. Искрено, на крајот бевме лоши и не спаси свирчето, можевме да бидеме поразени“, додаде Алегри.