Дома Фудбал Италија Алегри по поразот од Верона бил лут на шест играчи

Алегри по поразот од Верона бил лут на шест играчи

Tренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е разочаран од однесувањето на шестмина фудбалери после поразот против Верона од 2:1.

Погледот на табелата и деветтото место со само 15 бодови во однос на лидерот на Наполи се последица на лошата атмосфера. Сега пред тимот на Алегри е уште една напорна недела, прво ќе го дочекаат Зенит во Лигата на шампионите, а потоа за викендот ги очекува меч со Фиорентина против Серија А.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пишува дека Алегри бил лут на Адриен Рабио, Дејан Кулушевски, Родриго Бентакур, Алваро Мората, Моис Кин и Артур Мело. Посебно е разочаран од Кин кој не одгори на барањата, од него се очекуваше да ги надомести головите на Роналдо, но младиот напаѓач е далеку од тоа.

Рабио и Бентакур го разочараа со скромниот настап на средината каде што ги губеа битките со фудбалерите на Верона. Артур беше директен виновник за голот на Верона, додека причините за лутината кон Мората и Кулушевски не се конкретно наведени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…