Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри потврди дека напаѓачите Пауло Дибала и Алваро Мората ќе го пропуштат дербито со Челзи во Лигата на шампиони.
Јувентус денес стигна до победа против Сампдорија од 3:2, но Дибала и Мората заработија мускулни повреди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Со сигурност Дибала и Мората нема да играат против Челзи, а ќе бидеме среќни ако успеат да се опорават по интернационалната пауза. Тоа е дел од фудбалот и мора да се навикнеме. Имавме неколку грешки во одбраната, но, дефинитивно добро се браневме во поголемиот дел од мечот, сепак среќни сме што дојдовме до нови три бода“, потврди Алегри.