Фудбалерите на Јувентус вечерва на домашен терен ќе го одиграат мечот против Кротоне во рамки на 14. коло од италијанската Серија А.
„Старата дама“ изминатото коло доживеа изненадувачки пораз на гостувањето кај Сампдорија и вечерва на актуелниот првак на Италија му е потребна победа, за да се доближи до Наполи пред големото дерби против овие клуба, кое ќе се одигра следната недела.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според пишувањата на италијанските медиуми, Масимилијано Алегри подготвил неколку изненадувања во составот за вечерашниот меч. Како што се наведува, Алегри на клупата ќе го остави Гонзало Игуаин кој се наоѓа во добра форма во последно време.
Сепак, информациите од Апенините говорат дека тренерот на Јувентус тоа го прави за да го одмори аргентинскиот напаѓач за дуелот следната недела. Во врвот на нападот би требало по долго време да заигра Марио Манџукиќ кој веќе некое време игра на позиција крило.