Дома Фудбал Италија Алегри за солзите на Дибала: Не можеше да издржи, веројатно и Киелини ќе плаче дома

Алегри за солзите на Дибала: Не можеше да издржи, веројатно и Киелини ќе плаче дома

Вчерашниот натпревар помеѓу Јувентус и Лацио беше полн со емоции затоа што последниот натпревар пред домашната публика го одиграа Џорџо Киелини и Паоло Дибала.

По натпреварот за нив двајца зборуваше и стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тоа беше неверојатна вечер полна со емоции, ноќ за Дибала и Киелини. Киелини даде многу на Италија, европскиот и светскиот фудбал во поглед на пасијата и љубовта кон неговата работа. Во младинските категории треба на децата да им прикажуваат видеа и да ја учат неговата игра во одбраната. Кога дојдов во Јувентус, тој Буфон, Брзаљи, Бонучи и Маркизио беа оние кои ми помогнаа да разберам што претставува Јувентус“.

Посебно емотивен во разделбата беше Паоло Дибала кој плачеше како мало дете.

„Не можете да бидете подготвен за вакво нешто, веројатно и Киелини ќе плаче кога ќе си оди дома. Паоло не можеше да издржи“, смета Алегри.

Во медиумите веќе се шпекулира за тоа каде би можеле двајцата да продолжат. Дибала се поврзува со големиот ривал на Јувентус, Интер, додека Киелини најверојатно ќе продолжи во МЛС лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…