Изјавата на Дани Алвеш предизвика многу реакции.
Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш го привлече вниманието на италијанската јавност со својата изјава после смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Астори вчера беше пронајден мртов во својата хотелска соба во Удине. Оваа трагична вест ја потресе јавноста на Апенините. Клубовите и фудбалерите преку социјалните мрежи со емотивни пораки се простија од 31 годишниот капитен на клубот од Фиренца.
Во морето вакви пораки се најде изјавата на Дани Алвеш која предизвика бурни рекации.
„Не сме толку потресени како во Италија бидејќи не го познававме толку добро. Жал ми е за неговото семејство. Повеќе не е дел од овој хаотичен свет и верувам дека сега се наоѓа на некое подобро место. Во светот дневно умираат илјадници деца кои не добиваат доволно внимание, а тие исто така се важни, како на никого да не му е гајле за сето тоа. Сите ќе умреме порано или подоцна. Можеби сите сме тажни, но сигурно не се чуствуваме како членовите на неговото семејство“, изјави Алвеш.