Дома Фудбал Останато Алвес поради Меси не ги слушал наредбите на Гвардиола и си „терал“ по свое (ВИДЕО)

Алвес поради Меси не ги слушал наредбите на Гвардиола и си „терал“ по свое (ВИДЕО)

Бразилскиот ас Дани Алвес во разговор за Глобо се потсети на интересна анегдота од времето додека го носеше дресот на Барселона и кога му се спротиставил на Пеп Гвардиола.

Во главно познато е како завршуваа оние кои ќе му се спротистават на Гвардиола, најпозната приказна е онаа со Ибрахимовиќ, но Алвес сепак помина многу подобро.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Меѓутоа Алвес на Гвардиола му се спротиставил поради Меси.

„Од десната страна додавав до Меси на истата страна кон крилот, а Пеп не го поднесува тој тип на додавања бидејќи не придонесуваат продорност. Место тоа бараше да ја носам топката во средина. Ниту јас не ги сакам додавањата на иста страна, но во тој случај намерно ги упатував таму и свесно не го правев она што го бараше Гвардиола“.

„Гвардиола тогаш ме повика на страна и ме праша: Зошто правиш спротивно од она што ти кажувам? Јас му одговорив: Шефе, извинете но грешите. Ако Меси на крило биде две минтуи без топка ќе се исклучи и ќе потоне, а потребен ни е да го решиме натпреварот. Мораме да го држиме буден. Пеп ме послуша и ми возврати: Во право си“, се потсети Алвес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе бара 240 милиони евра, додека ПСЖ бара 180 од него

Килијан Мбапе беше во фокусот на судска битка помеѓу него и клубот Пари Сен-Жермен. Откако…