Дома Топ вести Алваро Мората прави изненадувачки трансфер во Интер

Алваро Мората прави изненадувачки трансфер во Интер

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората би можел да си оди од шпанската престолнина по крајот на оваа сезона.

„Марка“ пишвуа дека со евентуалното доаѓање на Единсон Кавани на „Ванда Метрополитано“ шпанскиот напаѓач ќе добие „зелено светло“ да го напушти клубот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека Мората може да се врати во Серија А бидејќи најголем интерес за него покажува Интер.

„Нероаѕурите“ бараат замена за Лаутаро Мартинез, кој е пред трансфер во Барса, па Конте смета дека Мората би бил идеален партнер на Ромелу Лукаку во нападот.

Мората е отворен за враќање во Италија и би можел повторно да соработува со Конте, а Атлетико за неговата слобода бара помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…