Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Албански новинар тврди: Албанија е новата Хрватска на Балканот!

Албански новинар тврди: Албанија е новата Хрватска на Балканот!

Ждребот за Европското првенство сакаше „групата на смртта“ во Германија да ја сочинуваат Шпанија, Хрватска, Италија и Албанија.

Иако за многумина, Албанија е аутсајдер во овој круг навивачите на репрезентацијата која ја води бразилскиот стратег Силвињо се убедени дека нивната селекција ќе ја помине групната фаза и ќе биде изненадување.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Ова го отврди и албанскиот новинар Клаудио Ндреца, спортски новинар и уредник на „Спорт Експрес“, еден од поголемите спортски портали во оваа земја. Исто така Ндреца води своја емисија на Јутјуб посветена на албанската репрезентација.

„Албанија на Европско првенство. Тоа не е нешто што често се случувало во нашата историја, но ако малку пдообро погледнете – се пласиравме двапати на Европското првенство првенство во последните осум години. Тоа не е лошо, зарем не? Тоа покажува каков напредок има Албанија.

Интересно е што тие се гледаат како „новата Хрватска на Балканот“. За Хрватска сметаат дека е „стара“ репрезентација и дека „златното време“ и е поминато.

„Кога во прашање е Хрватска, тука зборуваат дека нејзиното време е поминато, можеме да ја победиме. Многумина наши навивачи веруваат дека „Албанија е новата Хрватска на Балканот“. Хрватска има искусни играчи во средниот ред. Во Албанија сепак е створен впечаток дека и така се подобри од Италија, Шпанија е силна.

Ако мене ме прашувате, Албанија може до четвртфинале на Европското првенство“, порачува Ндреца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Италија си даде автогол, Шпанија во осминафинале🎥

Шпанија го доби дербито против Италија со 1:0 и тоа со автогол и го обезбеди првото место …