Дома Фудбал Знаете ли колку повреди има во Реал во последните 13 месеци?

Знаете ли колку повреди има во Реал во последните 13 месеци?

Фудбалерите на Реал се уште не гледаат светло на крајот на тунелот, барем не кога се во прашање повредите, па некои шпански новинари на клубот му предложија во склоп на „Сантијаго Бернабеу“ да отвори болница.

Аларамантна е бројката од 50 повреди во минатата сезона! И на маките на „кралевите“ не им се гледа крајот. Од почетокот на сезоната во Реал има 15 повреди. Секоја на некој начин влијаеше на плановите на тренерот Зидан. Во овој момент Зидан не може да смета на дури 12 играчи.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


За споредба, Атлетико Мадрид од почетокот на сеозната имаше шест повредени играчи, а Барселона седум.

Кај Реал најтешка е ситуацијата со Марко Асенсио кој ќе ја пропушти целата сезона. Останатите играчи како Иско, Марсело, Модриќ и Менди ќе се приклучат во наредниот период.

Дали Зидан ќе пронајде начин да го запре овој проблем останува да се види, можеби потребно е и да се направи некоја промена во стручниот штаб.

Дали ова е причината за повредите – тука?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер на чекор до големо засилување

Според трансфер експертот Фабрицио Романо, Интер е во напредни преговори со крилото на Оли…