Ѕвездата на Баерн Минхен, Давид Алаба сака да се пресели во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.
Преговорите меѓу Алаба и Баерн за продолжување на соработката се во прекин, а неговиот договор со Баварците истекува за 11 месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа неговата иднина во Минхен е неизвесна, а медиумите тврдат дека најголема желба на Алаба е пресекба во Барселона.
28-годишниот Австриец за продолжување на договорот со Баерн бара 20 милиони евра, сума која Баварците не се спремни да му ја дадат, па најверојатно ќе прифатат продажба.
Барселона е спремна да му даде толкава плата, но само ако на „Камп Ноу“ пристигне како слободен агент следната година.
Поради тоа агентот му поставува на Баерн „невозможни“ услови, со цел неговиот клеинт да замине следното лето без обештетување.
?⚽ ¡David Alaba se vuelve a ofrecer al Barça!https://t.co/uj6iCG4qq4#FCbarcelona #Barça
— Bot del F.C.B. (@FCBbot) July 30, 2020