Шеикот Хамад ал-Тани доколку успее да го купи Манчестер Јунајтед сака да започне револуција на „Олд Трафорд“ со доведување на новуи ѕвезди.
Катарецот ја испрати финалната понуда од 5.5 милијарди фунти, притоа тој обезбедил средства за реконструкција на „Олд Трафорд“ и големи инвестиции за засилувања на тимот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека на списокот се три големи ѕвезди и тоа Килијан Мбапе, Едуардо Камавинга и Квинсли Коман.
Мбапе не е задоволен во Париз, сака да ја промени средината, па Манчестер Јунајтед ќе му биде сериозна конкуренција на Реал Мадрид.
Коман неодамна го продолжи договорот со Баерн Минхен, но „црвените ѓаволи“ спремаат богата понуда.
Тен Хаг е голем симаптизер на Камавинга, кој одлично се вклопи во Реал Мадрид, но често игра на своја неприродна позиција.
Се тврди дека раководството од „Олд Трафорд“ е спремно да испрати понуда од 130 милиони евра за младиот Французин.
Реал ќе биде на сериозно искушение со оваа понуда, бидејќи со таа сума ќе може да го доведе Џуд Белингам, кој е најголема желба на „кралевите“.
🚨 If Sheikh Jassim’s attempt to buy Manchester United is successful, he wants to sign Kingsley Coman, Eduardo Camavinga and Kylian Mbappé. 👀
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 3, 2023
(Source: @cfbayern) pic.twitter.com/dZZYFaoGfo