Дома Фудбал „Ако сме ги плаќале судиите немаше ни го поништат голот против Атлетико“

„Ако сме ги плаќале судиите немаше ни го поништат голот против Атлетико“

Во шпанската јавност вчера се појавија информации дека Барселона исплатила 1.4 милион евра во период од 2016 до 2018 година на потпретседателот на Судиската комисија на Ла Лига.

Ваквите информации предизвика бура од реакции, денес во јавноста се огласи и првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас кој порача дека невозможно е Каталонците да бидат спортски казнети затоа што делото застарело.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, свој став кажа и Хозе Марија Бартомеу, поранешниот претседател на Барселона кој токму во тој период беше на чело на каталонскиот гигант. Како очигледен пример дека не ги плаќале судиите Бартомеу ја посочи ситуацијата од последното коло кога на Барселона и беше поништен гол против Атлетико и така ја загубија титулата.

„Ако навистина сме ги плаќале судиите, зарем мислите дека ќе ни беше поништен голот против Атлетико во последното коло? Би можел да ви дадам уште многу примери, но веројатно и овој еден е доволен“, истакна Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Татко му е легенда на Бразил, тој ќе игра за Англија

Малиот син на легендарниот бразилски дефанзивец Тијаго Силва – Јаго Силва, доби прв …