Селекцијата на Англија можеби по подолг период има генерација која игра без посериозен притисок за голем успех како некои претходно, но една традиција и тоа како оди во нивна полза.
Селекторот Герет Саудгејт во Русија допатува со подмладени сили, а после две кола веќе имаат обезбеден пласман во следната фаза. Во последното коло вечерва ги очекува натпревар против Белгија и тоа ќе биде директен дуел за првата или втората позиција, бидејќи и двете слеекции го обезбедија пласманот во осминафиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англија Мундијалот го започна со тешка победа против Тунис од 2:1, за потоа да ја декласира Панама со 6:1.
Во својата историја „Гордиот Албион“ еднаш се израдувал на светската титула и тоа во 1966 година.
Во таа 1966 година се случија три работи:
Имено, Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, Челзи заврши на петтата позиција, а Барнли се квалификуваше во Европа – Англија го освои Светското првенство.
Истите работи се повторија и во оваа 2018 година…За сликата да биде комплетна недостасува само уште Англија да биде шампион на светот.