Дома Фудбал Англија Ако Сари беше изненадување, ова е сензација: Брендан Роџерс наследник на Конте!?

Ако Сари беше изненадување, ова е сензација: Брендан Роџерс наследник на Конте!?

Антонио Конте во последно време е под константен притисок од англиската јавност, а сега во медиумите се појави ново име како негов потенцијален наследник.

Ако навивачите на Челзи беа изненадени од тоа што Маурицио Сари од Наполи е еден од кандидатите сигурно со неверување ќе ја примат вест од „Sunday Express“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според споменатиот медиум екипата на Челзи би можел да ја превземе поранешниот стратег на Ливерпул, а сегашен на Селтик – Брендан Роџерс!

Интересно е што почетокот на тренерската кариера на Роџерс е поврзан со Челзи. Тој четири години беше кординатор во младинските категории на „сините“ (2004-2008), а ја извршуваше и функцијата помошник на Жозе Мурињо во неговиот прв мандат на „Стенфорд Бриџ“.

Пред Селтик, 45 годишниот тренер од Северна Ирска ги водеше Ливерпул, Рединг и Вотфорд.

rogers

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видео: Ѕвездата на Реал нервозно реагира по замената: “Секогаш јас, секогаш јас”

Бенфика го победи Реал Мадрид со 4:2 во рамките на осмото коло од Лигата на шампионите, ре…