Компанијата Ред Бул во 2005 година одлучи да влезе во светот на фудбалот купувајќи го Салзбург од Австрија.
Во претходните 15 години Ред Бул вложи многу пари во фудбалот и токму поради тоа екипата на Салзбург од сезона во сезона бележи се подобри резултати. Оваа компанија која го купи и Лајцпиг за само неколку години направи неверојатен успех.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Покрај овие клубови тие ги посетуваат Њујорк Ред Бул, Ред Бул Бразил, Ред Бул Брагантино и Ред Бул Ган. Јасно е дека финансиски се и тоа како моќни, а за тоа зборуваше и германскиот фудбалер Оливер Краги.
Краги две години играше во Австрија и не крие дека е воодушевен од напредокот на Салзбург, но и Лајцпиг. Во овој момент тој игра за Беневенто и на јавноста во Италија се обиде да објасни колку оваа компанија е моќна.
„Салзбург беше одличен во Лигата на шампоните оваа сезона, но што да се каже за Лајпциг кој го исфрли Тотенхем во осминафиналето. Ред Бул вложи многу пари во ови клубови и тоа го видов додека играв во Австрија. Тие ако сакаат уште утре можат да го купат Роналдо. Имаат многу пари, но воодушевен што одат чекор по чекор и вложуваат во млади играчи, а не купуваат ѕвезди“, објасни Краги.