Дома Фудбал Англија Ако сака во Јувентус, Погба мора да прифати двојно помала плата

Ако сака во Јувентус, Погба мора да прифати двојно помала плата

Ѕвездата на на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе го напушти клубот како слободен играч на лето, а Јувентус е еден од најзаинтересираните клубови.

Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент за да ги започне преговорите за враќање на Погба во Торино, но ќе мора да ја победи конкуренцијата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фабрицио Романо тврди дека Погба се уште има понуда од Манчестер Јунајтед, која е најдобра на финансиски план.

29-годишниот Французин на „Олд Трафорд“ заработува 15 милиони евра по сезона, а Јувентус е спремен да му понуди само половина од таа сума, односно 7,5 милиони евра по сезона.

Понудата на ПСЖ е исто така повисока на таа од „старата дама“, па Погба доколку сака да се врати во Торино ќе мора да прифати драстично намалување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Од одлуката на УЕФА погодени и навивачите на Барселона во Македонија: Ќе се враќаат парите за аранжманите во Белград

УЕФА денеска соопшти дека Барселона нема да може да има свои навивачи во натпреварот проти…