Дома Фудбал „Ако Реал беше прв сезоната во Ла Лига немаше да продолжи“

„Ако Реал беше прв сезоната во Ла Лига немаше да продолжи“

Фудбалската сезона во Шпанија ќе продолжи на 13. јуни.

После подолга пауза поради коронавирусот фудбалерите за две недели повторно ќе можат да се појават на терен, а до крајот на сезоната ќе гледаме трка за титулата помеѓу Барселона и Реал Мадрд.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Каталонците се со два бода пред Реал на 11 натпревари до крајот на сезоната и ни претстои голема трка.

Поранешниот претседател на Барселона Жоан Гаспарт (2000-2003) смета дека сезоната не би се продолжила ако Реал е прв на табелата.

„Ако Реал Мадрид беше прв пред прекинотн а сезоната, убеден сум дека сезоната не би се продолжила. Кон Барса нема голема почит и има многу кои се против клубот“, изјави Гаспарт.

Барселона во првиот натпревар од продолжување на првенството ќе гостува кај Мајорка додека Реал Мадрид ќе го пречека Еибар.  

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конте со пофални зборови: Елмас заслужува статуа во Неапол

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна прекрасен гол за Наполи во победата од 2-…