Дома Топ вести „Ако пристигне Мбапе, јас си заминувам!“

„Ако пристигне Мбапе, јас си заминувам!“

Килијан Мбапе ги договорил сите услови за да се пресели во Реал Мадрид. Иако навивачите се среќни што во тимот ќе пристигне еден од најдобрите млади играчи во светот, некои играчи не се задоволни со доаѓањето.

Реал Мадрид за услугите на младиот Французин ќе плати неверојатни 180 милиони евра, односно 160 милиони и плус 20 милиони бонуси, со што ќе биде срушен рекордниот трансфер на Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед минатата година.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Кога двата клуба ќе ги завршат деталите на трансферот и договорот, Мбапе ќе потпише шестгодишен договор, а ќе заработува по седум милиони евра годишно на „Сантијаго Бернабе“. „Марка“ тврди дека трансферот ќе биде договорен во следните неколку дена.

Истиот извор тврди дека Монако барал 190 милиони евра, меѓутоа, успеаа да најдат заеднички јазик, особено откако Реал доби пари од продажбата на Алваро Мората и Данило.

Меѓутоа, не се сите среќни со доаѓањето на младиот Французин. Еден од нив е, пишува шпанскиот портал „Diario Gol“, Лукас Васкез.

„Ако дојде Мбапе, јас си одам“, наводно е реченицата која Васкез му ја рекол на својот менаџер. Откако за местото се бореше со Алваро Мората кој неодамна си замина во Челзи. Васкез со доаѓањето на Мбапе гледа уште еден проблем и уште помала минутажа во дресот на „кралскиот клуб“.

Претходно постоеше опција Реал да го купи младиот Мбапе, но тој да остане уште една сезона во Монако. Но, по телефонскиот разговор на Зидан и Мбапе, тој сака одма да се пресели во Реал Мадрид и да пронајде свое место помеѓу триото – BBC.

Го опишуваат како „новиот Анри“. Уште како 16-годишен стана најмладиот дебитант, а со 17 и најмлад стрелец во историјата на Монако. Со тоа го надмина Анри на вечната листа, кој исто така е производ на школата на Монако.

Зинедин Зидан уште во 2013. година се обидуваше да го доведе тогаш 15-годишниот талент на АС Бонди во Мадрид. Мбапе тогаш го одби, бидејќи сакаше да остане во Франција, а подоцна тоа излезе како вистинска одлука. Во Кнежевството стана еден од најголемите таленти во Европа и репрезентативец на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Надал си доби златен рекет од Саудијците🎥

Турки Ал Шеик, советник на кралското семејство на Саудиска Арабија, на шпанскиот тенисер Р…