Дома Фудбал Останато „Ако ова на Реал беше пенал тогаш треба да има 40 пенали на секој натпревар“

„Ако ова на Реал беше пенал тогаш треба да има 40 пенали на секој натпревар“

Поранешниот шпански судија Хуан Оливер Андругар ја критикуваше одлуката Реал да добие пенал во денешното „Ел Класико“ кое го доби со 1:3.

Судијата Мартинез Мунера го досуди пеналот откако Серхио Рамос беше влечен во шеснаесетникот од страна на Ленгле. Според Андругар тоа било грешка.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Вакви мали влечења има не секој корнер. Ако ова беше пенал тогаш треба во секој натпревар да има по 40 пенали. Според мене ова денес сигурно не требаше да биде окарактеризирано како најсторга казна. Друга е ситуацијата каде што Санабрија беше влечен против Реал Сосиедад, таму јасно можеше да се види неговиот скинат дрес“, изјави Андругар за „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кавани се сели во Кипар

Шампионот на Кипар, Пафос испратил понуда до Единсон Кавани и се во сериозни преговори со …