Во Понеделник 3-ти декември ќе биде познат освојувачот на најпрестижното индивдуално признание во светот.
„Златната топка“ се доделува најдобриот фудбалер од минатата сезона, а главен фаворит за освојување на истата е Лука Модриќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот капитен веќе беше прогласен за најдобар од страна на УЕФА и ФИФА, но освои и уште неколку признанија од реномирани медиуми.
Сега хрватските медиуми наведуваат три причини кои за прв пат ќе се случат ако Модриќ ја освои „Златната топка“.
Првиот Хрват кој ја освоил Златната топка
Единствениот Хрват кој пред Модриќ беше најблиску до вакво нешто е Давор Шукер кој во 1998 година заврши како втор, најмногу поради одличните настапи на Мундијалот во Франција каде што тогаш Хрватска заврши како третопласирана.
Првиот играч за врска кој освоил Златна топка.
Иако Модриќ некогаш ја менува својата позиција во репрезентацијата, поголемиот дел од сезоната игра на местото централен играч за врска. Ниту еден играч во историјата кој играл на оваа позиција не ја освоил Златната топка, иако многумина ќе кажат дека ја заслужија играчи како Иниеста, Чави, Сколс…
Првиот играч кој играл за Тотенхем и ја освоил Златната топка
Модриќ во редовите на Спарсите пристигна во 2008 година и со одличните настапи го привлече интересот на Реал Мадрид каде што игра од 2012 година. Ниту еден играч кој некогаш настапувал за Тотенхем не бил ниту блиску до ова признание, се до сега…