Се погласни се шпекулациите дека Антонио Конте на крајот на сезоната може да го напушти Тотенхем.
Конте пристигна во Тотенхем во декември и веднаш го „препороди“ тимот, па е блиску до избори пласман во Топ 4, но на лето би можел да се пресели во ПСЖ.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Тотенхем веќе почна да разгледува варијанти за негов наследник и прв избор е токму Маурисио Покетино, кој е пред отказ во ПСЖ.
Покетино стекна легендарен статус во Тотенхем и е спремен да се врати во Лондон на лето.
Како алтернатива се споменува и актуелниот селектор на Италија, Роберто Манчини, кој е во одлични односи со спортскиот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи.