Дома Трансфер зона Ако им веруваме на Шпанците Ракитиќ заминува од Барселона, познато и каде

Ако им веруваме на Шпанците Ракитиќ заминува од Барселона, познато и каде

Иван Ракитиќ е помеѓу фудбалерите кои Барселона ќе ги продаде ова лето, пренесуваат шпанските медиуми.

Овој играч за врска дресот на Барселона го носи од 2014 година кога дојде од редовите на Севиља, меѓутоа испаљето од полуфиналето во Лигата на шампионите и катастрофалниот настап кој Ракитиќ го[ прикажа против Ливерпул, изгледа ќе бидат причина за Хрватот со каталонскиот клуб да се раздели на крајот на оваа сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Така барем најавуваат медиумите од Шпанија, наведувајќи дека Ракитиќ станал играч кој Каталонците сакаат да го продадат во овој момент, а интерес за Хрватот и тоа како постои.

Иако богатиот Пари Сен Жермен веќе долго време се обидува да го убеди Ракитиќ да се пресели на „Паркот на Принцовите“, наводно овој хрватски фудбалер во овој момент е најблиску до трансфер во Интер кој во наредната сезона ќе влезе со големи амбиции.

Ако им веруваме на Шпанците Барселона и Интер се блиску до договор за трансфер на Ракитиќ, а според информациите сумата на оваа зделка би требало да изнесува околу 50 милиони евра.

Ракитиќ и во претходниот период се поврзуваше со тимот на „нероаѕурите“. Ќе потсетиме, Интер минатото лето долго време се обидуваше да го купи сонародникот на Ракитиќ, Лука Модриќ, но на крајот Перез не попушти па Модриќ остана во Мадрид.

Времето ќе покаже дали сега ќе имаат успех со партнерот на Модриќ од репрезентацијата која е светски вицашампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…