Дома Трансфер зона Ако Икарди се врати во Италија, Интер ќе добие 15 милиони

Ако Икарди се врати во Италија, Интер ќе добие 15 милиони

Се погласни се шпекулациите дека Мауро Икарди на крајот на сезоната ќе го напушти Пари Сент Жермен.

Икарди не добива голема минутажа. Многумина веруваа дека работите ќе се променат со доаѓањето на Покетино, но наводно новиот тренер нема да смета на Икарди и веќе му порачал дека може да си бара нов клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За Икарди интерес покажуваат неколку клубови од Серија А, а и самиот не крие дека сака да се врати во Италија.

Интер нема ништо против негово враќање во Серија А, бидејќи во тој случај ќе добие 15 милиони евра. Тоа му го гарантира клаузулата во договорот кој го има со ПСЖ.

Поради тоа и ПСЖ преферира да го продаде Икарди во груга лига, бидејќи не сака да оддели 15 милиони евра од сумата. „Светците“ за потписот на Икардо платија 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Сити подготвува спектакуларен трансфер

Според последните информации од Островот кои ги пренесува реномираниот „Гардијан“, Манчест…