Расте притисокот врз Французинот, Реал го има најлошиот старт на домашен терен во овој век.
После ремито со Тотенхем во Лигата на шампионите беше јасно дека многу работи не функционираат како што треба, а уште од 1998 година „кралевите“ немале толку лош старт пред своите навивачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако, Зидан е далеку од отказ, но во првенство нема повеќе право на кикс. Барса има предност од пет бодови, веќе го одигра натпреварот со Атлетико на гостински терен иако се очекува и тие да паднат во формата, сепак предноста не е мала.
Реал игра лошо, тоа повеќе ги загрижува навивачите отколку резултатите. Сега во прашање се доведуваат многу потези кои беа направени во летниот преоден рок, почнувајќи од заминувањето на Мората до приликата да се продаде Бејл на кого сега цената му паѓа.
Но, тоа беше одлука на Перез и не може сега да ја прфрла вината врз Зидан
Од друга страна, Зидан не го сакаше Мбапе, сега го сака Гризман што е тешка мисија, а Перез смета дека Хамес Родригез не требаше да биде продаден.
Поради тоа „Дон Балон“ пишува дека Колумбиецот е спремен да се врати, но само ако Зидан биде сменет. Родригез не добива шанса ниту во Баерн, а претседателот на Реал смета дека тој заслужува уште една шанса.
За крај шпанскиот медиум пишува дека не би било изненадување доколку позајмицата на Родригез биде прекината и тој се врати во Мадрид.