Дома Топ вести Ако замине ќе видиме нов рекорд: Интер одбил огромна понуда за Скриниар!

Ако замине ќе видиме нов рекорд: Интер одбил огромна понуда за Скриниар!

Според пишувањето на на „Газета дело Спорт“, Интер одбил навистина голема понуда за својот дефанзивец, кој се поврзува со заминување.

Жозе Мурињо од поодамна е во потрага по дефанзивец кој ќе ја засили последната линија, а наводно Португалецот во Словакот гледа идеално решение.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Специјалниот“ според медиумите побарал од Манчестер Јунајтед да испрати понуда. „Газета“ тврди дека и на адреса на клубот од Милано пристигнала понуда во износ од 75 милиони евра, но ниту тоа не било доволно за Интер да се откаже од неговите услуги.

Ќе потсетиме, Интер го купи Скриниар од Сампдорија за сума од 35 милиони евра, а според ова тврдење на „Газета“ ако некој навистина го сака Скриниар ќе мора да го собори светскиот рекорд за дефанзивец.

Рекордот за најскап дефанзивец во овој момент го држи Вирџил Ван Дијк кој за сума од 79 милиони евра премина од Саутемптон во Ливерпул.

https://www.youtube.com/watch?v=6CTguFpLVKY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…