Дома Топ вести Ако Барса го продаде Кутињо ова лето ќе „спаси“ 25 милиони

Ако Барса го продаде Кутињо ова лето ќе „спаси“ 25 милиони

Раководството на Барселона донесе одлука да го продаде Филипе Кутињо во летниот преоден рок, иако Бразилецот пристигна како најскапо засилување во историјата на клубот.

Барселона го купи Филипе Коутињо од Ливерпул за 120 милиони евра, плус 40 милиони евра во форма на бонуси. Според информациите на „Гардијан“, доколку Каталонците го продадат Бразилецот ова лето, 25 милиони од овие бонуси може да не бидат платени.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Досега се постигнати три од условите за бонуси: 5 милиони евра за пласман во Лигата на шампионите во првата година, 5 милиони за пласман во Лигата на шампионите во втората година и уште 5 милиони за одиграни 25 средби.

Цели 20 милиони ќе треба да му бидат платени на Ливерпул, ако Бразилецот одигра 100 натпревари во дресот на Каталонците. Досега Бразилецот е со 74 настапи зад својот грб и може да одигра уште најмногу три до крајот на сезоната. Останатите 5 милиони се за освојување на Лигата на шампионите.

Ако Барселона го продаде Кутињо ова лето, ќе се обиде да ги минимизира загубите и да „спаси“ 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…