Дома Трансфер зона Азар сака да остане ама Реал го ставил на трансфер листа

Азар сака да остане ама Реал го ставил на трансфер листа

Раководството на Реал Мадрид повеќе нема трпение за белгискиот репрезентативец Еден Азар, па реши да го стави на трансфер-листата и подготвени се „кралевите“ ова лето да го продадат ако пристигне пристојна понуда.

Карло Анчелоти сака да го задржи во тимот, но нема ништо против да си замине Белгиецот затоа што нема големо влијание во клубот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Азар не се прилагоди во Мадрид, иако беше платен 100 милиони евра во 2019 година, а голем проблем му создадоа и повредите поради кои беше често надвор од фудбалските терени.

Поради ова Азар е едно од најголемите промашувања во историјата на клубот. Тој одигра 66 меча во последните три сезони и притоа постигна само шест гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мбапе се доближува до рекордот на Роналдо во Реал Мадрид!

Кристијано Роналдо во 2013 година воспостави импресивен рекорд постигнувајќи 59 голови за …