Дома Фудбал Азар: Сакам да постигнам гол против Атлетико и да го победам мојот пријател

Азар: Сакам да постигнам гол против Атлетико и да го победам мојот пријател

Фудбалерите на Реал Мадрид во сабота го играат големото градско дерби против Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ во рамките на седмото коло од Ла Лига.

Претходните сезони натпреварите помеѓу Реал и Атлетико претставуваа вистинско дерби, а сигурно и дека во сабота не чекаат многу возбудувања. За Еден Азар ова ќе биде прво градско дерби во Ла Лига и неговите намери се јасни. Имено, Белгијанецот пред овој натпревар изјави дека сака да постигне гол против Атлетико и едноставно да го победи својот поранешен соиграч од Челзи, Диего Коста.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Кога играте фудбал, тогаш знаете какви чувства и притисоци со себе носат овие натпревари. Градските дербиња секогаш се посебни натпревари. Еден град, два клуба и нивни навивачи. Сакам да постигнам гол и да ги израдувам навивачите. Диего Коста ми е пријател, но сакам да го победам“, изјави Азар.

Треба да се додаде дека Азар веќе имаше прилика да игра против Атлетико како играч на Реал. Тоа се случи во текот на подготовките за новата сезона кога Реал доживеа бламажа, бидејќи екипата на Симеоне ги победи со 7:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни ги посочи Лукаку, Ибрахимовиќ и Погба како пример за неправилната трансферна политика на Манчестер Јунајтед

Вејн Руни смета дека Пол Погба е меѓу трите најчудни засилувања на Манчестер Јунајтед пред…