Дома Трансфер зона Азар одлучи, го напушта Реал Мадрид

Азар одлучи, го напушта Реал Мадрид

Еден Азар не е задоволен од својот статус во Реал Мадрид и од малата минутажа која ја добива, па одлучи да ја промени средината.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Азар оваа сезона добива многу мала минутажа и запиша само 17 настапи, па веќе го известил својот агент да му бара нов клуб.

Белгиецот не е задоволен, а „Марка“ тврди и самиот Реал Мадрид сака да се ослободи од него.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Азар одбил да се пресели во Њукасл во јануари, и покрај фактот што Реал ја прифатил понудата.

Азар на лето сигурно заминува, но сака да игра во клуб со големи амбиции и да се бори за трофеи.

Азар во 2019 година за 115 милиони евра пристигна во Реал Мадрид, но поради големиот број на повреди никогаш не ги оправда очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…