Eден Азар ова лето премина од Челзи во Реал Мадрид и навивачите очекуваат многу повеќе од него во однос на она што го покажа на стартот од сезоната.
Реал победи само на три од првите шест натпревари оваа сезона. За викендот ја победија Севиља и така барем малку го намалија притисокот над нив.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Со 11 бодови после пет кола, Реал го дели првото со Атлетик Билбао.
„Кога играш за Реал Мадрид од тебе се бара победа на секој натпревар и затоа е најголем клуб во светот. Секогаш постои притисок. Имаме квалитетен тим – ќе биде тешко, но ја победивме Севиља на стадион каде што не е лесно да се освојат три бода“.
„Истото важи и за Лигата на шампионите. Го изгубивме првиот натпревар од ПСЖ, но и понатаму имаме право да веруваме во успешна сезона со оглед на тоа каков тим имаме“, изјави Азар.
Азар поради повреда на бутниот мускул одигра само два натпревари досега во Ла Лига. Во среда Реал ја дочекува Осасуна, а потоа „кралевите“ ги очекува градското дерби со Атлетико три дена подоцна.