Дома Трансфер зона Азар незадоволен, го напушта Реал Мадрид

Азар незадоволен, го напушта Реал Мадрид

Еден Азар е се повеќе разочаран од односот на тренерот Анчелоти и тоа што Италијанецот не му дава доверба.

Азар оваа сезона добива многу мала минутажа и запиша само 17 настапи, а синоќа против Билбао се загреваше долго време, но не доби шанса за игра.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Белгиецот не е задоволен, но „Марка“ тврди дека тоа не го изразува јавно за да не ја наруши атмосферата во соблекувална.

Сепак, донел одлука на лето да ја промени средината, а и самиот Реал Мадрид сака да се ослободи од него.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Азар одбил да се пресели во Њукасл, и покрај фактот што Реал ја прифатил понудата оваа зима. Белгиецот на лето сигурно ќе направи трансфер.

Азар во 2019 година за 115 милиони евра пристигна во Реал Мадрид, но поради големиот број на повреди никогаш не ги оправда очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сари добил понуда од Премиер лигата?

Италијанскиот фудбалски стратег Маурицио Сари е на мета на неколку клубови пред почетокот …