Белгискиот репрезентативец Еден Азар зборуваше околу својата иднина во Челси.
Азар (27) долго време се поврзува со Реал Мадрид, но и со ПСЖ, па во прашање што ќе се случи на крајот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секоја година тие зборуваат во Реал или ПСЖ, но кога ќе сакам да го променам тимот, тогаш јас сам ќе ја донесам одлуката. Во овој момент среќен сум овде.“ – изјави Азар и додаде:
„Имам уште две години од договорот со Челси и се чувствувам добро овде, фановите ме сакаат, семејството ужива, така да останува да видиме.“
Азар за лондонскиот тим одигра 284 натпревари, постигна 87 погодоци и 71 асистенција.