Дома Фудбал Англија Азар донесе одлука: Веќе го известив раководството на Челзи!

Азар донесе одлука: Веќе го известив раководството на Челзи!

Еден Азар многу веројатно ја игра последната сезона во дресот на Челзи.

Се погласни се шпекулациите дека Белгиецот ова лето ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во Реал Мадрид, а сега и самиот Азар призна дека донел конечна одлука.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Донесов одлука. Се уште чекам околу развојот на ситуацијата. Им кажав на клубот пред неколку недели. Ја донесов одлуката, но не зависи се од мене“, истакна Азар.

Маурицио Сари после вчерашниот натпревар доби прашање за иднината на Сари, а тој порача дека клубот мора да ја прифати неговата одлука.

„Еден Азар направи големи работи за Челзи. Време е да ја прифатиме неговата одлука“, изјави Сари, а на прашањето на новинарот за каква одлука се работи тој одговори:

„Не знам, јас сум само тренер тука“.

Белгиецот пристигна во Челзи во 2012 година, во меѓувреме со „сините“ освои неколку трофеи, а има прилика да се прости од клубот со пехарот од финалето на Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Јувентус воодушевени: Позната иднината на фудбалерот кој пристигна во јануари

Јувентус е воодушевен од новиот фудбалер што го донесоа во февруари годинава. Жереми Бога …