Секако, вивновникот е кој друг ако не Жозе Мурињо.
Белгиецот Еден Азар го обвини Жозе Мурињо за третманот кој го имал кон Мохамед Салах во времето кога овој фудбалер го носеше дресот на Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да потсетиме, Салах пристигна на „Стенфрод Бриџ“ во 2014 година, а две години подоцна Рома го откупи неговиот договор од „сините“. Азар сега е убеден дека Мурињо не му дал доволно доволно простор да покаже што знае.
„Штета што Салах не се задржа подолго во Челзи и што не доби вистинска прилика, можеби тоа беше така и поради тренерот. Салах е исклучително квалитетен фудбалер, но се сеќавам дека во тоа време во клубот бевме јас, Вилијан и Оскар и не му беше лесно да се наметне. Сигурно дека е топ фудбалер, тоа го видовме на тренинзите, но и на некои од натпреварите на кои настапи“, истакна Азар.
Салах во текот на летото премина од Рома во Ливерпул за сума од 50 милиони евра и веќе во првата сезона ја оправдува вложената сума. До овој момент постигна 14 погодоци во сите натпреварувања, додека во Премиер лигата беше стрелец на девет погодоци.