Дома Фудбал Останато АЕК запиша прелесен триумф: Тричковски стрелец во два наврати (ВИДЕО)

АЕК запиша прелесен триумф: Тричковски стрелец во два наврати (ВИДЕО)

Во рамки на 25. коло во Првата лига во Кипар, екипата на АЕК каде играат Даниел Мојсов и Иван Тричковски успеа да дојде до триумф против Ахна со резултат 6:1.

Ларена го отвори резултат веќе во осмата минута, а потоа во првото полувреме Богатинов уште двапати беше совладан од Томас и Тричковски за предност од 3:0 на полувремето.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во вториот дел АЕК продолжи да доминура, па повторно Томас и Тричковски, како и Малоку погодија за убедливи 6:0 предност. Почесниот погодок за Ахна го постигна Елија со погодок во 85. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Младата сензација на Арсенал постави нов премиерлигашки рекорд

Арсенал обезбеди, како што изгледа, клучен чекор кон титулата со победата над Евертон (2:0…