Дома Фудбал Останато Адријано повторно се враќа на фудбалот

Адријано повторно се враќа на фудбалот

Легендарниот бразилски напаѓач, Адријано одлучи по тригодишната пауза да се врати во фудбалот.

Сега веќе 35-годишниот Адријано не играше фудбал три години, но тоа не им смета на бразилските клубови за да му понудат соработка, па така гигантот Фламенго е подготвен да му даде шанса на легендарниот напаѓач.Раководството на тимот во следните неколку дена на состанок ќе одлучи за Адријано. Наводно, многу се заинтересирани да го вратат повторно во тимот и тоа ќе му биде трет пат да го обчеле дресот од Рио де Жанеиро.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Адријано за Фламенго одигра 77 натпревари и постигна 31 гол. Во богатата кариера играше за Парма, Интер, Фиорентина, Рома, Сао Паоло, но во најдобрите години поради забава се откажа од фудбалот. Сепак, сега повторно сака да се врати на сцената. Иако има 35 години смета дека се уште може доста да понуди, а дали тоа ќе му успее, останува да видиме.

Популарниот Император своевремено се сметаже за еден од најдобрите напаѓачи во светот, но неспортскиот живот го доведе до пропаст и никогаш неговиот талент максимално не беше искористен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бод за Беласица во Сингелиќ, Охрид може да ѝ побегне на Шкендија!

Едно од двете дербија во денешната рунда од ВМФЛ, пресметката меѓу Шкендија Арачиново и Бе…