Дома Фудбал Останато Адријано: Кога Роналдо ме повика да живеам со него мислев дека сонувам

Адријано: Кога Роналдо ме повика да живеам со него мислев дека сонувам

adrijano

Бразилецот Адријано сигурно ќе остане запаметен како фудбалер кој можеше да стане најдобар во светот доколку не беше предаден на ноќниот и неспортски живот.

Адријано прикажуваже неверојатни настапи во дресот на Интер и сите беа сигурни дека еден ден ќе ја освои „Златната топка“. Брзо се избори за место во репрезентацијата на Бразил, но преку ноќ се упропасти. Откако го загуби неговиот татко започна да живее крајно неспортски живот и често пати во алкохолизирана состојба се појавуваше на тренинзите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Интер после некое време го загубија трпението, па го вратија во татковината. Се обидуваше да се врати на големата сцена во Рома, но не успеа, па после неколку време го остави фудбалот иако се уште официјално не ја завршил кариерата.

Сега оваа бразилска легенда се потсети на неговото доаѓање на „Џузепе Меаца“.

„Најважната работа кај мене беше што знаев колку сум добар. Прв пат кога дојдов во Интер не можев да поверувам што се случува. Се сеќавам дека одев по совлекувалната и гледав каде беа Сидорф и Матераци. Исто така, Роналдо ме дочека како пријател што беше неверојатно. Кога ме повика да живеам со него, мислев дека сето тоа го сонувам“.

„Во животот пример ми беше Занети, тој беше покрај мене кога ми беше најтешко, кога почина мојот татко. Сега сум среќен со семејство во Бразил каде што живееме нормален живот.

Ако се појави шанса повторно да заиграм тоа ќе биде во Бразил бидејќи не можам да се одвојам од своите деца. Не ја завршив кариерата, само земав пауза“, изјави Адријано.

На крајот зборуваше и за Мауро Икарди.

„Икарди е одличен напаѓач и се уште е многу млад. Тој и јас би биле одличен тандем“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…