Дома Македонски спорт Мак фудбал Адеми: Многу емотивен момент, можеме да се пласираме на Европско

Адеми: Многу емотивен момент, можеме да се пласираме на Европско

Аријан Адеми го одбележа синоќешниот меч против Лихтенштајн бидејќи на спектакуларен начин се врати после двегодишната суспензија.

По две години Адеми се врати на теренот и првиот професионален меч го одигра за македонската репрезентација. Притоа постигна прекрасен гол само пет минути после влегувањето на терен.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Ова го поднесов премногу емотивно, не знам како да ја опишам целава оваа ситуација, се уште сум под емоции, морам да се заблагодарам на селекторот и соиграчите во репрезентацијата, за шансата која ми беше укажана. Мислам дека имаме одлична репрезентација, овој тим може да се пласира на Европско“ изјави Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…