Динамо Загреб вчера се пласираше во последното квалификациско коло од Лигата на шампионите, а еден од најзаслужните беше македонскиот фудбалер Арјан Адеми кој забележа гол и асистенција.
Адеми го отвори резултатот во првото полувреме, а потоа во вториот дел запиша асистенција кога погоди Дани Оллмо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој одличен настап на Адеми уште повеќе на значење доби после натпреварот бидејќи Адеми призна дека натпреварот го играл со болки кои ги почустувал на загревањето.
„Одигравме одличен натпревар и тешко е било што да се каже. Заслужено се пласиравме во следната фаза. На загревањето јас почуствував болки, но се ипслатеше тоа што одлучив да играм. Погодокот? Па Олмо ме најде, потоа јас го пронајдов него и така…“, изјави Адеми.
За влез во Лигата на шампионите на Динамо им останува уште една пречка, а тоа ќе биде Розенборг со кого ќе играат во плеј-офот.