Шпанскиот фудбалер Адама Траоре игра одлично од кога пристигна во Барселона, барем во oфанзивниот дел од теренот.
Во Вулверхемптон во последната сезона ипол не беше на највисоко ниво. Одби да премине во Тотенхем, иако Конте силно го сакаше, но за да ја покрива позицијата на фул бек што значи и дефанзивни задачи, а Адама тоа го одби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стигна кај Чави во Барселона на позајмица со можност за откуп до крајот на неговиот договор. Неговиот трансфер предизвика многу полемики и се поставуваше прашањето може ли конечно да придонесе во овој систем на Чави.
Шпанскиот стратег игра во формација 4-3-3, со што се менуваат од време на време Дембеле и Траоре и на десно крило, додека Обамејанг повремено го покрива тој дел на теренот. Животот на Адама во Барселона каде што се изгради како фудбалер очигледно му годи. Запиша и четири асистенции на последните пет натпревари и на тој начин има повеќе додавања за гол откако минатите две сезони во Вулвси.
Доколку продолжи вака да игра би можел да ја натера Барселона да го откупи неговиот договор, меѓутоа тука се и финансиите, па не е познато во каква ситуација ќе биде Барселона на лето.