Плејмејкерот на Челзи, Жоржињо одигра фантастична сезона и е еден од најдобрите фудбалери на ЕУРО.
Агентот Жоао Сантош откри дека неколку европски гиганти го сакаат Италијанецот и ја откри неговата цена.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Жоржињо има договор со Челзи на уште две години, но наскоро ќе има преговори за продолжување на договорот. Во моментов неговата цена е 50 милиони евра. За него интерес покажуваат неколку европски гиганти. Сепак, не знам дали Челзи е спремен да го пушти“, изјави агентот.
После фантастичната сезона тешко е да се поверува дека Челзи ќе се согласи за продажба на плејмејкерот и е спремен да му понуди нов договор.