Кога Герет Бејл пред четири години премина од Тотенхем во Реал Мадрид беше најскап фудбалер на светот и чинеше точно 100 милиони евра.
Ова лето падна и тој рекорд, па моментално Нејмар е најскап фудбалер на сите времиња откако ПСЖ за неговиот потпис плати 222 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Времињата се менуваат, цените на фудбалерите растат, а агентот на Бејл, Џонатан Барнет смета дека велшкиот репрезентативец денес вреди – 222 милиони евра.
„Бејл вреди најмалку 222 милиони. Како Нејмар. Но, Герет е среќен во Реал и му се допаѓа животот во Мадрид“, изјави агентот и додаде:
„Герет е ѕвезда на клубот без оглед на Ронало и мислам дека двајцата можат да играат заедно. Не би рекол дека си пречат еден на друг“.
Се погледни се шпекулациите дека Реал на лето ќе го продаде Велшанецот, а медиумите сметаат дека неговата моменатална вредност е помеѓу 90 и 100 милиони евра.