Агентот на Пауло Дибала, Хорхе Антун, пристигна во Торино за да ги продолжи разговорите за нов договор со Јувентус, објави „Газета дело Спорт“.
Дваесет и шест-годишниот аргентински напаѓач, кој беше избран за најдобар играч во Серија А минатата сезона, инсистира да добива 11 милиони евра годишно. Meѓутоа, раководството му нуди помала плата, што во моментов е пречка за потпишување на нов долгорочен договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот договор на Дибала со Јувентус истекува во 2022 година, па неговата иднина мора да биде решена сега бидејќи на крајот на сезоната ќе влезе во последната година од договорот и неговата цена значително ќе се намали.
Јувентус сака да ја продолжи соработката, но не е спремен да ги задоволи финансиските барања на Аргентинецот. Поарди тоа, можно е Дибала да биде продаден ова лето, но само ако пристигне понуда од 80 милиони евра. „Газета дело Спорт“ пренесува дека во наредните денови ќе се реши иднината на одличниот Аргентинец.