
Пред неколку дена еминентниот спортски весник „Екип“ лансираше „бомба“ и пренесе дека во Ливерпул размислуваат да испратат сензационална понуда за ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг.
Стерлинг е спремен да го напушти Манчестер Сити доколку остане на сила казната на „граѓаните“ за неиграње во Лигата на шампиони во следните две години.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Тој неодамна и јавно призна дека нема ништо против да се врати во Ливерпул, клуб каде ја доживеа фудбалската афирмација.
„Екип“ тврди дека Стерлинг е отворен за враќање на „Енфилд“ и покрај фактот што таму е омразен поради начинот на кој го напушти клубот во 2015 година.
На оваа тема се огласи и агентот на Стерлиг и додатно ги разгоре шпекулациите.
„Иако има договор со Манчестер Сити, Стерлинг не го заборавил Ливерпул бидејќи таму израсна како човек и фудбалер. Вистина дека имаше многи искри кога замина, но од тогаш помина многу време. Мислам дека се е можно“, изјави агентот на Англичанецот.