Дома Фудбал Англија Агентот потврди: Озил нема намера да си оди од Арсенал

Агентот потврди: Озил нема намера да си оди од Арсенал

Месут Озил е надвор од плановите на Арсенал и последниот натпревар за „топџиите“ го одигра уште во март.

Тренерот Артета реши да не го пријави Озил во тимот за Премиер лигата оваа сезона и јасно му порача дека не смета на него.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Германецот одби да го напушти клубот бидејќи не сакаше да се откаже од својата висока плата која ја добива на „Емирати“.

Еркут Согут, агентот на Месут Озил, изјави дека фудбалерот нема намера да ги напушти „топџиите“ ниту во зимскиот преоден рок.

„Срамота е што Месут не игра за Арсенал. Да, секој зборува за неговата голема плата, и јас разбирам зошто, но тука гледам неправедност, со оглед на креативноста и талентот на Озил. Многу екипи сакаат да го имаат во својот тим, но тој го почитува договорот и сака да игра за Арсенал. Месут е човек од збор, таквата лојалност ретко се среќава каде било овие времиња“, истакна Согут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Трајковски верува во успех со Данска: Има нова енергија и визија во тимот

Александар Трајковски истакнува дека македонската репрезентација треба да пристапи со макс…