Иако денес се појави информација дека покрај Барселона и Реал Мадрид е заинтересиран за Лаутаро Мартинез, сепак нема да има ништо од неговиот трансфер во Шпанија.
Оваа информација напрво ја соопштија неколку реномирани новинари во Италија, а потоа стигна потврда од агентите на Аргентинецот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Агентите денес беа во Милано на средба со раководството на Интер, а потоа потврдија дека Лаутаро останува во Милано.
„Вестите за Барса и Реал не се вистините. Лаутаро е играч на Интер и ќе остане играч на Интер“, потврди агентот.
Двете страни се договориле наскоро да седнат на преговори за продолѓување на договорот со значително зголемување на платата.
L’agente di #Lautaro Martinez spegne le voci sul futuro dell’argentino, dopo l’incontro nella sede dell’#Inter con la dirigenza: “#Real e #Barcellona?…” ???#Sportitaliamercato#Sportitalia pic.twitter.com/boclyt3oP0
— Sportitalia (@tvdellosport) September 14, 2020