Дома Фудбал Италија Агентот потврди, Лаутаро наскоро става потпис

Агентот потврди, Лаутаро наскоро става потпис

Агентот на Лаутаро Мартинез потврди дека напаѓачот наскоро ќе го продолжи договорот со „нероаѕурите“.

Двете страни веќе подолго време преговараа за нов договор, бидејќи Лаутаро беше еден од најмалку платените фудбалери.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Последните информации се дека двете страни постигнале договор и наскоро Лаутаро ќе стави потпис на нов 5-годишен договор.

Аргентинецот ќе добие значително зголемување на платата и ќе биде меѓу најплатените фудбалери во тимот со 6 милиони евра по сезона.

„Недостасуваат само мали детали, наскоро договорот ќе биде потпишан. Лаутаро е среќен во Интер и се радува што ќе продолжи да игра за така голем клуб“, изјави менаџерот на Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул во Барселона најде замена за стоперот кој го сака Реал Мадрид

Ливерпул има намера во зимскиот преоден рок да го доведе фудбалерот на Барселона Роналд Ар…